Од 2001 година, 71 524 лица добиле бугарско државјанство во Република Македонија.
Ова, како што пренесува бугрската агенција БГНЕС го изјавила заменикпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, за време на посетата на Скопје.
-Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари оваа година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство, рече потпретседателката Јотова на средбата со, како што се вели во веста на БГНЕС, „Бугари во амбасадата во Република Македонија“.
Таа вети дека во блиска иднина ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство.
-Ви ветувам, што е можно поскоро ќе ја олеснам процедурата за добивање бугарско државјанство, рече таа.