Published: Friday, December 15, 2017 19:03
Руската безбедносна служба ФСБ денеска информираше дека уапсила седум исламисти кои планирале напади во Санкт Петерсбург. Групата била уапсена во полициски акции во средата и во четвртокот.
– Запленето беше поголемо количество на експлозив, материјал за производство на експлозивни направи, автоматски пушки, муниција и екстремистичка литература. Беше најдена и лабораторија за производство на експлозивни направи, информираше ФСБ.
Според службата, планот на исламистите бил да нападнат некое од светилиштата во руската метропола во текот на викендот. Претходно неделава ФСБ соопшти дека открил слична група исламисти во Москва кои планирале напади за време на новогодишната прослава.




