Министерството за животна средина апелира до институциите да бидат подготвени во случај на надминување на прагот на дозволени гранични вредности на ПМ честитки во воздухот.
Во соопштението на министерството се вели дека “единиците на локалната самоуправа да бидат подготвени за намалување на цената на билетот на градскиот превоз или за обезбедување бесплатен билет, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз.
Да се интензивира дневното чистење на улиците и пешачките површини и да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.
Министерството ги потсетува градежните компании дека имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), и дека имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.
Истовремено, на граѓаните им препорачуваме да не ги користат возилата без потреба и повеќе да користат јавен превоз. За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците.
Во случај на надминување на прагот, да се ограничат движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, преживеан инфаркт на миокардот или мозочен удар), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот”, порачува министерствто.
Тие исто така подвлекуваат дека Државниот инспекторат животна средина треба да ги интензивира инспекциските надзори над почитување на законските одредби и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.