Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спласнува хајката за „десоросоизација“

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2017 17:22

Од март до јуни, објавени се во просек по 7 прилози дневно (76 отсто од содржините), а по формирањето на Владата предводена од СДСМ, интензитетот на написи и прилози посветени на „десоросоизација“ драстично се намали (во просек 2 текста дневно), но хајката и натаму продолжи.

Ова е заклучокот на НВО Инфоцентарот кој во континуитет ги набљудува и анализира содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др.

Извештајот се однесува на периодот, март – ноември 2017 година, а мониторингот ги опфатил централните вести на телевизиите: ТВ 24, Телма, Сител, МРТ1, Алсат М, Канал 5, Алфа и ТВ 21; дневните весници: Слободен печат, Вечер и Дневник  (нивните интернет-страници/ електронски изданија) и порталите: А1он, Плусинфо, Република, Курир и НоваТВ.

– Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија 80% од вкупниот број текстови односно во просек објавуваа 3 прилози дневно, а во првите 4 месеци, овој просек се искачуваше и до 6 прилози дневно.

– Од нив, најголем број објави имаат: Република (23%), Курир (21%), Вечер (12%) и Дневник(9’%).

– Од критичките медиуми најмногу содржини објавија: А1.он (6,5%), Плусинфо (4%), НоваТВ (3%) и Слободен печат (3%).

– Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, заедно со оваа партија и иницијативата СОС, водеа жестока „црна“ кампања против Џорџ Сорос, Фондацијата Отворено општество Македонија, граѓанските организации, активистите, УСАИД, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и др.

– Според овие медиуми, најголеми непријатели на Македонија се Џорџ Сорос, неговата фондација и граѓанските организации.

– Најголемиот дел од прилозите објавени во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ беа анонимни и често пати еден ист текст беше реобјавуван во различни портали и весници.

– Критичките медиуми, пак, претежно ги објавуваа реакциите и демантите на нападнатите страни, а редовно информираа и за текот на инспекциите и истрагите врз граѓанските организации, иницирани и оркестрирани од страна на поранешната власт.

 

десоросоизација истражување НВО инфоцентар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.