Пратениците од албанската опозиција денес фрлаа чадни бомби во албанскиот Парламент како протест против изборот, од страна на социјалистичката власт, на новата јавна обвинителка Арта Марку. Таа положи заклетва во парламентарната сала полна со чад.
Пред гласањето за изборот на Марку, лидерот на десната демократска партија Лулзим Баша го критикуваше премиерот Еди Рама дека сака да назначи обвинителка што е негова марионета.
Ова обвинување доаѓа во моментот кога екс министерот за внатрешни работи Саимит Тахири, близок до Рама, е вовлечен во скандал со трговија на канабис.
Пред Парламентот неколку илјади демонстранти од опозицијата протестираа против овој избор па дојде до неколку туркања кога демонстрантите се обидоа да го пробијат редот полицајци во обид да влезат во Парлментот. Топлата скандираше: “Рама оди си!”




