Во истрагата под иметот „Продуцент“ која денеска ја објави Специјалното јавно обвинителстви, постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба на тогашниот министер за земјоделство за сторено кривично дело во врска со јавни набaвка во периодот од 2009 до 2012 година.
(Илустрација: Фотографија од интервју помеѓу новинарката на ТВ Сител Ивона Талевска и сопственикот Љубисав Иванов Ѕинго)
Осомничениот, како што рече Фетаи, во ноември 2009 склучил договор со фирмата Смарт Центар ДООЕЛ Скопје во вредност од 50.000 евра кое настапило како продуцент за авторската емисијата „Боја на парите“ на ТВ Сител, а Министерството како корисник склучило договор за закуп на простор.
Сопственик и управител на компанијата „Смарт Центар“ ДООЕЛ бил новинарот Драган Павловиќ – Латас. Против него се води кривична постапка од СЈО за случајот „Тотал“ за кој се сомничи за даночно затајување. Правните лица на кои управител е Павловиќ – Латас го оштетиле буџетот за 37 илјади евра.
Според СЈО јавната набавка била склучена со повик на член од Законот за јавни набвки, иако и во самиот член постои насока дека ваков програмски пакет не може да се нарача од продуцентска куќа, туку само од радио или ТВ куќа. Како што рече обвинителката Фетаи, овие 50.000 евра биле исплатени од Министерството без доказ за извршена услуга.
Посочената емисија се емитуваше на телевизијата „Сител“, а нејзин водител беше новинарката Ивона Талевска која што е осомничена или под истрага и во други случаи на СЈО. Министер за земјоделие во тоа време е Љупчо Димовски од редовите на Социјалистичката партија на Македонија чијшто основач е Љубисав Иванов – Ѕинго. Тој е и основач на телевизијата „Сител“ поседувана и управувана од членови на неговото тесно семејство.