Поранешниот прв разузнавач и професор на Факултетот за безбедност, Иван Бабамовски вели го оцени за несериозен демантот на МВР кој се однесуваше на руското радио кое објави дека постојат кампови за обуква на исламски радикалисти на Балканот и Македонија
>>Различни тврдења за терористички кампови во Македонија
-Мислам дека многу наскоро ќе бидат демантирани сите овие несериозни и крајно неодговорни изјави на компетентни личности на државата Македонија кои и понатаму работат на разнебитување на безбедносните и специјалните служби. Некогаш бевме служба со која можеме да се гордееме но со години наназад поради партиските препукувања внатре тие се разнебитени и сметам дека не се во можност да ги обезбедат безбедносните гаранции за мир и соживот помеѓу разни ентитети и разни конфесионални припадности, вели Бабамовски и потенцира дека наодите за постоењето на тие кампови мора да се сфатат сериозно.