Пратеникот Панчо Минов кој доаѓа од ГРОМ и е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, денеска се вклучи во работата на Собранието. Тој присуствува на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде се разгледуваат измени на закони за администрацијата и законот за амнестија.
Минов се уште не се изјаснил како ќе делува во Парламентот. На собраниска седница минатата недела дојде и Амди Бајрам, кој ќе биде дел од пратеничката група на ДУИ. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти и Чедомир Саздовски исто така од ГРОМ.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата повеќе недели ја бојкотираат работата на Собранието и на комисиите, во знак на револт поради притворањето на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април.