Додека повеќето луѓе преферираат до своето работно место да патуваат со кола или јавен транспорт, Германецот Бенџамин Дејвид плива.
Како што објавува Би-Би-Си, Дејвид плива по 2 километри во реката Исар во Минхен, бидејќи му здодеало од сообраќајниот хаос.
Така што Бенџамин Дејвид, секојдневно ги пакува својот лап топ, костимот и чевлите во торба која не пропушта вода и тргнува пливајќи на работа.
Според него, иако понекогаш е исмејуван, ваквиот начин на транспорт го релаксирал многу повеќе од дневното главење во сообраќаен метеж.