Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невработеноста во Грција на рекордно ниво

0
By Нова ТВ on August 8, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стапката на невработеност во Грција пораснала во мај 2013 година на 27,6 отсто, ново највисоко ниво во поблиската историја на земјата, надминувајќи го досегашниот рекорд од 27 проценти од април годинава, покажаа официјалните резултати.

Податокот за стапката на невработеноста е најголема откако грчката државна статистичка агенција ELSTAT во 2006 година започна да ги објавува ваквите извештаи, и повеќе од двојно е поголем отколку просечната стапка на невработеност во еврозоната којашто изнесува 12,1 отсто.

Рекордната невработеност во Грција е последица на шестгодишната рецесија, како и на радикалните мерки за штедење коишто ги воведе владата во Атина, за да го намали огромниот државен долг и условеноста од меѓународните грчки кредитори, пренесува макфакс.

Грција, имено, од 2010 година преживува благодарејќи само на финансиската помош од Меѓународниот монетарен фонд и партнерските земји од еврозоната. За да продолжи да ја добива меѓународната помош од стотици милијарди евра, странските заемодавачи бараат земјата да ги спроведува непопуларните реформи, кои меѓу другото вклучуваат и зголемени даноци и намалување на вработените во јавниот сектор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.