Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од Собранието за Предлог-законот за амнестија во прво читање

1
By Нова ТВ on December 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 25, 2017 20:56

Предлог-законот за амнестија и предложените измени на Законот за административни службеници, двата во прво читање, попладнево добија поддршка од Собранието во рамки на 27 седница.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски образложи дека со Предлог-законот за амнестија треба да бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3 097 лица да биде намалена казната за 30 проценти.

Министерството за правда при подготвувањето на законот ги имало во  предвид условите во казнено-поправните установи како институции кои треба да овозможат и обезбедат успешна ресоцијализација на осуденичката популација и кои, посочи Ристовски, неспорно се пренатрупани, условите за престој од меѓународните организации се оценети како нехумани, а опасноста од криминална инфекција во казнено-поправните установи е реална. Затоа се оценило дека е неопходно донесување закон со кој група лица осудени на казна затвор до шест месеци за лесни кривични дела ќе се ослободат од издржување на казната. За другата затворска популација е предвидено намалување на вкупната казна за 30 проценти освен за делата што со овој предлог се изземени од амнестија.

Пратеничката од ДУИ Мирсада Емине-Асани рече дека го поддржуваат законот, потенцирајќи дека со него, меѓу останатото ќе се оствари и заштеда на буџетски средства кои би се искористиле за подобрување на условите во казнено-поправните домови.

Како што наведе Ристовски, со предложениот текст на законот не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство од член 123 од Кривичниот законик.

Со предложените измени на законот за административни службеници, пак, се овозможува проверката на знаењето за познавање странски јазик при вработување во администрацијата да биде на товар на државата и да се укинат казните од оценувањето во јавната администрација, којшто, според ресорниот министер Дамјан Манчевски, бил еден од механизмите што многу често се користел за политички притисоци.

– Со ова праќаме порака дека притисоците во администрацијта се завршени и оти апсолутно немаме намера да се занимаваме со политички реваншизам, рече Манчевски.

Дополни дека со законските измени ќе се овозможи и унапредување на раководниот кадар во администрацијата. Констатирано е дека има превработеност во најниските нивоа на администрацијата, но огромен недостаток на раководен кадар.

– Сега се овозможува во рамки на една категорија работни места одреден кандидат да биде унапреден, максиумум за три места, но, ова не важи за уназадување. И не мислиме ова да го користиме како средство за политички притисок врз администрацијата, потенцираше Манчевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.