Ток – шоу водителката Опра Винфри вели дека била жртва на расизам за време на неодамнешната посета на Швајцарија.
Винфри изјавила дека помошник одбил да ја служи во продавница за ташни во Цирих.
На Винфри, една од најбогатите жени во светот, и било кажано дека ташните кои се изложени се “премногу скапи” за неа.
Нејзините тврдења, упатени до американска телевизиска програма, доаѓаат во време на политичкиот спор околу плановите од страна на некои швајцарски градови за забрана на барателите на азил на некои јавни места.
Извор: ББЦ