Published: Wednesday, December 27, 2017 20:57
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија дека не може да се прифати претворањето на Северна Кореја во нуклеарна сила и дека мора да продолжат напорите за спречување на севернокорејската нуклеарна програма.
Како што соопшти американскиот Стејт департмент, ваквиот став Тилерсон и Лавров го изнеле во телефонски разговар, на кој ги договарале нивните заеднички дипломатски активности кон Северна Кореја.
Шефовите на дипломатиите на САД и Русија разговарале и за кризата во источна Украина, при што Тилерсон барал од Лавров да влијае да се намали нивото на насилство во регионот.




