НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини: Нова демократија бара единство на Владата за името

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главната грчка опозициска партија, Нова демократија, ја повика Владата да излезе со единствен предлог за името со Македонија заради, како што наведува, појавените разлики во нејзините редови за ова прашање, објави весникот „Катимерини“, пренесува МИА.

„На премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер Панос Каменос им напоменуваме дека двете партии, Сириза и Независни Грци, се во владата, а не во опозицијата. И бидејќи претпоставуваме дека тие комуницираат меѓу себе, од нив очекуваме конкретен и заеднички предлог за името на БЈРМ. Затоа што се додека се во Владата тие ја носат одговорноста за договорањето, а не партиите од опозицијата“, се наведува во соопштението на Нова демократија.

Грчките конзервативци, во ставот соопштен во Катимерини, категорички ја отфрлаат идејата лансирана од шефот на дипломатијата Никос Коѕијас дека решене на спорот со Скопје може да биде изнаједено во Парламентот само со мнозинството на пратенциите од двете партии, кои се претставени во Владата.

Зад оваа идеја тие стравуваат од обид на владејачките партии да ги прикријат несогласувањата и разликите што се појавија во нивните редови. Откако лидерот на помалиот коалициски партнер и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос, соопшти дека нема да поддржи решение на спорот со Скопје за името во кое ќе фигурура зборот Македонија.

И левичарската Сириза исто така во своите редови има пратеници кои не се расположени, па дури и се против прифаќање на име со географска одредница.

„ Една Влада која на договор заминува со присуство на две различни позиции, е упатена на неуспех“, напиша на Твитер влијателната пратеничка на конзервативците Дора Бакојани, која за време на Самитот на НАТО во Букурешт, во 2008 година, беше министер  за надворешни работи во владата на Караманлис.

И опозициската партија Потами, исто така, ја повика Владата да ја изостри својата позиција во однос за спорот за името

Грчка Влада името Катмерини Нова демократија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.