Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамнеи: Можност од граѓанска војна во Египет

0
By Нова ТВ on August 9, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во говорот кој директно го пренесуваше државната телевизија по повод завршните свечености за рамазан предупреди на можноста од избувнување граѓанска војна во Египет.

„Не загрижуваат настаните во Египет. Можноста од граѓанска војна со секој ден е поголема. Тоа е катастрофа”, рече ајатолахот Али Хамнеи. Побара од египетскиот народ, од политичките и верските лидери и од интелектуалците да ја разгледаат опасноста од продолжувањето на таквата ситуација.

Покрај тоа, иранскиот врховен лидер ги осуди масакрите врз населението и употребата на сила, и се изјасни против вмешувањето на странските држави во решавањето на проблемите во Египет. „Им советувам на египетските елити да не им дозволат на странските држави да се вмешаат во египетската ситуација”, додаде Хамнеи ненаведувајќи конкретно ниедна држава.

Според ајатолахот Хамнеи, доколку во Египет избие граѓанска војна, ништо нема да може потоа да ја сопре. Техеран и Каиро, инаку немаат меѓусебни дипломатски односи повеќе до 30 години, пренесува макфакс.

Хамнеи, исто така, ги осуди израелско-палестинските мировни преговори и оцени дека тие може да бидат на штета на Палестинците. „Она што го подготвиле насилниците (САД) во тие преговори е на штета на Палестинците. Исламскиот свет мора да ги осуди узурпаторските акции на ционистичките (израелски) диви волци и нивните заштитници”, рече Ајатолахот.

„Тие преговори не би смееле да завршат со уште поголема неправда кон палестинскиот народ и изолација на палестинските муслимански борци”, рече ајатолахот Хамнеи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.