Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човек на годината за 2017

21
By Биљана Секуловска on December 30, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 30, 2017 10:28

Имав убава желба за Човек на годината да го прогласам човекот. Добриот човек, граѓанинот, оној кому му се празни џебовите, кому извршителите му висат над двете раменици, оној кој го враќа регресот на својот газда, затоа што го приморал, затоа што ако одбие или го пријави ќе си потпише пресуда, оној кој размислува дали белиот леб е поевтин ако е на парчиња, кој стравува дека ќе се задави ако е купен округол и топол.

Имав убава желба да ги прогласам активистите, борците за човекови права и слободи за Луѓе на годината, сите тие беа дел од Шарената револуција, некои се претопија во власта, некои останаа критичари и борци и против оваа власт, но сите се наши луѓе, без кои годинава немаше да ја дочекаме.

Имав убава желба да го прогласам Заев за Човек на годината, политичар кој го смени текот на историјата на оваа земја, кој се бореше со сите нас против груевизмот, тоа беа добри времиња кога сите бевме заедно, сега сме на спротивната страна, како критичари, но неговата  голема и значајна улога мора да биде напишана во светлите страници на историјата.

Се надевам дека сега на Заев, сега кога ја доби власта, му е тешко со нас, тогаш кога го критикуваме:  кога правеше грешки и ги исправаше, некогаш кога и ги потпикнува под тепих, некогаш не ги признава, некогаш чека подобри времиња за да бидат заборавени.

Но, тогаш кога ќе му биде најтешко со нашите критики, тогаш и ќе дојдат и најдобрите времиња за него, за сите нас.

Имав убави желби за некој да стане Човек на годината, некој од овие што ги наброив, се додека не се појави личноста која сама ми ја напиша оваа колумна, за да стави потпис- дека таа е Човек на годината.

Нејзиното име е Марика Караџова, директорка на фабриката за слатки производи “Европа”, на која некој ден пред Новата година и се јавив со молба- фабриката да донира некој производ за децата без родители од Домот 11 Октомври, за акцијата која ја организираше социјалниот центар Дуња. Не наведов кои производи, не напишав колку, не барав пакетчиња, не побарав ништо повеќе од најскромната молба- колку сакаат и што сакаат да подарат.

Одговорот беше напишан во војнички стил, отсечен, рамен, тоа беше еден строг редослед на буквите, нанижани како да се подготвуваат да ме однесат во конц-логор, ме стрелаа со кривините и облините на компјутерскиот фонт, ме замразеле овие букви пред и да знаат за што станува збор, можеби и не знаеле за што ќе бидат искористени, за каков одговор, можеби се невини овие букви што ми соопштија дека никој ништо нема да добие, затоа што не знаеле дека зад нив стои генералката на мртвите букви, директорката Марика Караџова?

Затоа што буџетот бил ограничен, оној маркетинг буџет за донации- буквите затрепереа сега од срам, кога ми соопштија зошто Караџовска не можела да даде ништо, дури и едно лижавче и некое чоколатце, ништо од тоа не било можно. Не можело дури ни да даде од својот џеб, нека бидат и 500 денари, да одглуми дека нешто дава, но затоа во писмото стоеше дека се надеваат на идна соработка, како давањето да е крупна бизнис зделка, трансакциски сметки кои патуваат како да се праќаат со воз, акт-ташна која ќе експлодира и одело три броја поголемо, со тегет чорапи, што на се одговараат.

Мојот одговор на генералкава на мртвите букви, директоркава Караџова, нашиов човек на годината, беше смешен и глупав, како што може да бидеме понекогаш сите, кога не знаеме зошто светот не се срушува и животот не замре, тогаш кога повеќе не знаеме ништо подобро од тоа.

 

И напишав дека Новата година е измислена за децата, но најмногу за оние кои немаат родители, во секоја Нова година тие се надеваат дека ќе ги најдат, и напишав дека многу луѓе и покрај тоа што немале родители направиле големи дела за човештвото, и напишав секакви будалаштини, апсолутно неважни и здодевни за читање, којзнае што и напишав, а и каква корист од тоа, од моите букви, никакви и никому значајни.

Сега се шетам со еден лист во ташната, го најдов дома, некој испечатил некаква песна на Брехт, со смешен наслов, каков што може само да напишат оние кои се зачудени од светот кој не знае:

Што вреди добрината

Што вреди добрината,

Кога добрите веднаш ги убиваат,

или ги погубуваат,

Оние спрема кои овие се добри?

Наместо само да бидете добри,

потрудете се

Да создадете состојба

што ја овозможува добрината,

Уште подобро:

која ја прави излишна.

Среќна 2018, а сепак, уште многу имаме пред нас, тогаш кога имаме убави желби да му кажеме некому- еве, ова е Човек на годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.