НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германската економија јакне, француската слабее

0
By Нова ТВ on August 9, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновите податоци за натамошниот пад на француската економија објавени во петокот укажуваат на дополнително продлабочување на јазот меѓу најголемите економии на еврозоната, со оглед дека германската економија во вториот квартал најверојатно остварила осетен раст.

Францускиот завод за статистика во петокот соопшти дека индустриското производство во јуни паднало за 1,4 отсто во однос на претходниот месец, откако во мај ослабна за 0,3 отсто.

Притоа во јули евидентиран е остар пад на производството на храна и на автомобили.

Продолжениот пад на производството лоша е вест за францускиот претседател Франсоа Оланд кој вети дека до крајот на годината ќе ја промени состојбата на пазарот на труд, но тоа е сега помалку веројатно.

Имено, стапката на невработеност во првиот квартал изнесуваше 10,8 отсто, а некои економисти очекуваат кулминација наредната година.

Француските податоци се во дијаметрална спротивност со оние од Германија, чие индустриско производство во јуни порасна за 2,4 отсто.

И другите макроекономски податоци укажуваат дека најголемата европска економија веројатно осетно пораснала во периодот од април до јуни, пред се благодарејќи на личната потрошувачка и инвестициите во градежништвото, објави во петокот германското министерство за економија, пренесува макфакс.

„Личната потрошувачка и натаму претставува важен столб во економијата, како и во првото тромесечје, а веројатно силен е нејзиниот придонес во вториот квартал“, стои во редовниот извештај на министерството.

Германија на почетокот на годината успеа да избегне рецесија, откако нејзините активности се намалија на крајот од минатата година. Првата проценка за БДП за вториот квартал ќе биде објавена на 14 август, а економистите проценуваат раст од 0,6 до 1 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.