Исплатата на пензиите во федерацијата Босна и Херцеговина била прекината, поради тоа што заводот за пензиско осигурување немал доволно средства за да продолжи со истата.
Хрватската пошта Мостар, еден од двата федерални поштенски оператори, соопштила дека не е во можност да изврши исплата на пензиите на сите свои корисници, бидејќи федералниот завод не и го уплатил вкупниот износ потребен за исплата, пренесува Хина.
Медиумите во земјата , пренесува макфакс, соопштија од четвртокот, федералниот завод бил во минус од 35,7 милиони евра, а до ова дошло бидејќи владата на федерацијата не ги подмирила своите стари долгови од над 85 милиони евра.
Стабилизацијата на пензискиот систем беше еден од условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кој на земјата во 2012 година и беше одобрен двогодишен стенд бај аранжман во износ од околу 400 милиони евра.