Најмалку 12 лица се загинати во протестите во Иран кои траат веќе четири денови. Според информациите кои ги пренесуваат светските новински агенции, вооружени демонстранти се обиделе да заземат полициски станици и воени бази.
Десетмина загинале во пресметките во текот на ноќта, а двајца демонстранти биле убиени во саботата во протест во западниот дел на Иран.
„Одреднен број вооружени демонстранти се обидоа да преземат полициски станици и воени бази, но се соочија со сериозен отпор од страна на безбедносните сили“, соопшти иранската државна телевизија.
Иранските власти досега ја потврдиле смртта на четворица демонстранти, а уште не е познато каде настрадале останатите.
Покрај тоа, соопштено е и дека од почетокот на демонстрациите во градот Мешхад, кои се проширија и во други градови, уапсени се стотици лица.
Врховниот лидер на Иран и иранскиот министер за внатрешни работи ги предупредија антивладините демонстранти за време на викендот, дека ќе се соочат со „железна тупаница“ ако не престанат со протестите.
Протестите пак, главно се организирале, како што соопштуваат светските медиуми, преку социјалните мрежи, бидејќи националните телевизии биле контролирани од власта.




