НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов:Грција да не ја држи Македонија во заложништво за прием во НАТО

0
By Нова ТВ on January 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на војниците во касарната Чојлија, претседателот Иванов рече дека од македонска страна е се исполнето.

– Се надевам дека овој нареден период структурите на НАТО нема да бидат заложници на една нејзина членка која поаѓа пред се од своите интереси, а не од интересите на НАТО и од состојбата во целиот регион. Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО тоа да биде изложено и Македонија конечно да стане членка на НАТО. Тоа што Грција го бара е во рамки на Обединетите нации и таму се води спорот за името. Таму ние активно учествуваме сите овие години, но се соочуваме со барања кои не се во согласност со Повелбата на ОН и резолуциите на ОН кои не соодејствујваат со билатералната спогодба, која доброволно Грција ја прифатила, а не ја исполнила, рече Иванов.

Прашан за неговите очекувања од бугарското претседавање со ЕУ, претседателот Иванов оцени дека тоа што Македонија покажала добрососедски односи кон Бугарија, укажува дека перманетно сака сите отворени прашања да ги затвора.

– Покажана е подготвеноста и очекувањата од Македонија кога ќе претседава Бугарија со ЕУ, односно конечно да добиеме датум за почеток на преговорите. Тоа е долг и мачен процес, но ние сме подготвени и нашата администрација е подготвена. Сите прашања кои произлегуваат од нашето прилагодување со ЕУ, се исполнети во текот на преговорите. За разлика од НАТО каде сме блокирани на крајот на целиот процес, проблемот е што кога требаше да добиеме покана за членство во ЕУ, Грција не блокира на самиот почеток, со тоа што таа не дозволува да добиеме датум за почеток на преговори за да ги затвориме поглавјата со кои Македонија треба да воведува европски стандарди, критериуми и принципи. Таа блокада скапо не чини, но досега не видовме дека на некој на било кој начин и укажал на Грција за штетата што и ја прави на Македонија и на целиот регион, истакна Иванов.

Во однос на ставот на Македонија во Обединети нации за прашањето за Ерусалим, претседателот Иванов рече дека одлуката е донесена од Владата и оти тоа е нејзина одговорност.

Иванов Грција името НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.