Published: Tuesday, January 2, 2018 13:21
Две лица се повредени, а околу 6.000 се евакуирани од плажа во Австралија, во предградие на Сиднеј, кога за време на пречекот на новогодишната ноќ експлодирал брод од кој бил лансиран огномет, објави Би-би-си.
Инцидентот се случил на плажа во Теригал, пет минути од лансирањето на огнометот од брод што се наоѓал 150 метри од брегот, пренесе „Индепендент“. Не е познато зошто дошло до несреќата.




