Published: Thursday, January 4, 2018 19:47
Најмалку 14 лица загинаа, а околу 270 се повредени во судирот меѓу камион и воз, во Јоханесбург.
Според јужноафриканскиот министер за сообраќај, несреќата настанала откако камионот се обидел да ја премине пругата пред возот, кој што се приближувал.
По судирот дел од вагоните биле зафатени од пожар.




