Замрзнатите јогурти со свежо овошје се хит во светот. Како што расте популарноста на здравиот начин на исхрана, така се множат и синџирите производители на ваквата храна. Но колку навистина здравото е здраво?
Хафингтон пост промовира нова рубрика во која ги истражува состојките на храната која генерално важи за здрава и нискокалорична. Замрзнатиот јогурт со свежи парчиња овошје звучи примамливо е вистински хит кај љубителие на нискокалоричната храна. Свежо сецкани боровинки или јагоди на пример, свеж немасен јогурт и сето спакувано со симпатични слогани кои ве уверуваат дека ова е добро за вашето здравје и линија. Веќе не е ИН да купувате овошни јогурти во маркетите (исто така продавани како здрав избор), сега се ИН ланците кои „на лице место“ го подготвуваат вашиот ладен оброк со јогурт и овошје.
Но, освен овошјето според истражувањето на Хафингтон Пост во нив ќе сретнете и малтодекстрин, натриум цитрат, целулоза за џвакање, динатриум фосфат, пропилен гликол, карагенан или состојка добиена од црвени алги која се поврзува со негативни здравствени ефетки и други состојки кои дефинитивно не звучат ниту здраво ниту хранливо.
Погледнете го едноставното видео кое на интересен начин ќе ви долови што содржи оваа храна.