Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пофалба на СДСМ, пофалба на лудоста

0
By Биљана Секуловска on January 6, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 6, 2018 10:07

Којзнае зошто, но граѓаните гласаат за некого што мислат дека го знаат, некому кому му веруваат, кој мислат дека е некој нивен, свој, оној кој ги претставува, кому му го знаат името, презимето, некое ќоше од ноктето, случајно ги погледнал, им прелетала некоја слика со неговите очи како го фиксираат, тогаш  кога го виделе некаде на Фејсбук, мислеле ним им се обраќа, ех, којзнае зошто. Кажете вие зошто, освен ако не е за да ја пофалиме лудоста.

Којзнае зошто, но на граѓаните не им е жал кога се изживуваат со нивните пари таквите, некои од новопечените функционери, советници, мали и големи партиски и народни претставници, директори и шефови. И никој не знае зошто. Освен ако не е за да ја пофалиме лудоста.

Којзнае зошто- тоа се големи пари, илјадници евра за патни трошоци после само неколку месеци, бонуси, прекувремени часови, којзнае зошто се сите тие пари, бонуси, евра, патарини, шофери, коли, евра, евра, илјадници, кои брзо и лесно ќе станат стотици, а некогаш и милиони.

Граѓаните ги превртуваат џебовите, даваат уште, повеќе, ги параат душеците, ги тресат пердувите од перниците, мора да има уште, којзнае зошто, но им даваат се што имаат, а немаат.

Којзнае зошто немаат, се прашуваат сега некои од нашиве новопечени функционери, мали и големи советници, важни и големи партиски и народни пратеници, директори и шефови.

И сакаат уште, претворени во уши, да чујат каде тоа се дава, се граба, се растура, од која каса за патни трошоци, бонуси, прекувремени часови, којзнае што и којзнае зошто никому тоа не е ни толку болно, срамно, прекрдашено.

Којзнае зошто, но ги гледаме секојдневно на Фејсбук сликите на некои  од овие наши новопечени функционери, мали и големи советници, важни и големи партиски и народни пратеници, директори и шефови, ех, вие кажете којзнае зошто. Освен ако не е за да ја пофалиме лудоста.

Таму, на тие слики, на сите тие слики не стои текст, нема ден, недела, месец кога нешто се работело, зошто е сликата, за кого е наменета, за вртелешката во главата ли, за тркалото кое им баботи во слепоочниците, кое ги врти сликите, од тоа ви се свртува, од сликите, од сето тоа ви се слошува.

Како само се сликаат, само се сликаат, само се сликаат, само се сликаат, само се сликаат, се сликаат, и само, само се сликаат. Се сликаат  само за да се сликаат.

Во разни пози, со едната нога напред, следната слика е со другата рака назад, третата е со главата лево, четвртата е со увото под капата. На петтата носот е црвен, зимата прави дури и од власта кловнови. Којзнае што ќе стане од нив додека дојде летото.

Секогаш има темни наочари, освен ако не се светли наочарите, за ден и ноќ, за зора и мугра и предвечерие, со срдечни, строги, разулавени, задоволни насмевки, гушнати, разделени, сами и со сите, осамени и заедно, со нивните колеги, некои од овие наши новопечени функционери, мали и големи советници, важни и големи партиски и народни пратеници, директори и шефови, ех, вие кажете којзнае зошто.

Зошто само се сликаат, за да се сликаат, само се сликаат, само, само, само.

Освен ако не е за да ја пофалиме лудоста.

Кажете вие зошто некои, не велам сите, од оваа нова власт станаа власт, кажете зошто, мора некој да знае зошто, зошто се сите тие прекувремени часови, бонуси, патарини, илјадиници евра кои многу брзо и лесно ќе станат стотици, некогаш и милиони.

Ќе останат само нашите федери искинати и превртени постелнини, за да се бараат повеќе пари, за да се извлечат, за да се изеде се, за да се поврати врз се и врз сите.

Зошто се сите тие слики, зошто е главата поставена на телото, за што служат сите тие округли топки, сите тие претставуваат глави,  за што и кому му се наменети тие глави, измислени ли се само за слики, за кого, за што, кажете зошто, мора да знае некој зошто.

Освен ако не е за да ја пофалиме лудоста:

“Оној што управува со државата мора да води јавни, а не лични работи, не смее да мисли на ништо друго освен на општата корист; не смее ни за влакно да се оддалечува од законите кои сам ги донесува и извршува; мора да бдее над чесноста на своите чиновници и власти; секогаш мора да мисли дека е изложен пред очите на сите и оти може со својот чист живот, како благотворна ѕвезда, корисно да влијае врз човечките работи или, пак, како злокобна комета да донесува најголема несреќа.

Пороците на обичните луѓе и како да не се чувствуваат така силно и нивните последици не достасуваат далеку; но владетелот стои на такво место што неговиот пример како смртоносна чума се простира далеку низ светот ако само малку скршне од чесниот пат“.

Лудоста не сака да биде прочитана, не сака да биде ни знаена, затоа што само така ќе дознае дека е обична лудост, а не пофалба. Освен, само освен ако не ја пофалиме лудоста, на што така силно се надеваше.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.