Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АКТО: Две лекции- митови и активизам

0
By Нова ТВ on August 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 10, 2013 18:35

Чaс по природа и општество е темата на осмото по ред издание на АКТО Фестивалот за современи уметности кое годинава се одржува во периодот од 9 до 11 август, 2013 год. во Битола.

Во негови рамки се одвива кураторскиот проект “Живи библиотеки: Архиви на граѓанската непослушност”на Ивана Васева, Филип Јовановски, Јованка Попова.

Структурата на проектот подразбира две тематски целини, кои се одвиваа денес:

– Лекција број еден „Вагнер и Лист – Конструкции на современи митови“, која се однесува на литература поврзана со создавањето на современи митови и нивно распознавање и влијание во современиот македонски контекст и го отвора прашањето – Како и зошто имаме потреба од митови, кои се тие и зашто погрешниот избор и толкување претставуваат опасност во денешнината?

– Лекција број два “Захарија Шумљанска – Симбол на пожртвуваност и активизам“, во чиј фокус е литература која иницира и колерира со различни видови на граѓанско делување.

Во рамки на кураторскиот проект, се одржуваат и две читачки групи со гости од земјава и регионот како и повеќе уметнички проекти кои се од перформативен но и едукативен карактер.

Куратори на проектот “Куратори на проектот живи билиотеки: архиви на граѓанската непослушност” се Ивана Васева, Филип Јовановски, Јованка Попова.

-Идејата на лекцијата бр. Еден е да се формира библиотека составена од литература која што оди во насока на граѓанска непослушност, активизам и контраст на современи митови. Оваа библиотека ја формираат самите граѓани, и истата можат да ја користат за понатамошни настани организирани од страна невладини организации од Битола и останатите градови во Република Македонија.

На првите две лекции повикавме личности кои што сметаме дека можат да ни посочат литература која што е од голема општествено- политичка важност во однос на моменталната состојба, образложи за НОВА Ивана Васева, прокуратор на проектот “Живи библиотеки: Архиви на граѓанската непослушност”.

Искра Гешоска, културен деец и претседателка на Јадро, за НОВА вели дека нејзиниот фокус е во активизмот, во отпорот.

-Една од поделикатните теми за мене која што го достигнува врвот на својата актуелност е темата на активизмот. Јасно е дека живееме време на бескрајно незадоволство кога е нужно да се пружи отпор на тоа незадоволство. Но, што значи тој отпор? Главно имам впечаток дека отпорот е реактивен, а не проактивен.

Денес одлучив во рамките на овој фестивал да подарам книга која што се вика “Пофалба на љубовта” од Ален Бадју- зошто? Затоа што за мене вистинскиот активист е посветен љубовник. Тоа значи дека тој е храбар, спремен да експериментира, постојано буден, одговорен и грижлив за другиот.

Активизмот го поврзувам со една Хамлетовска позиција затоа што за мене најголемиот активист и парадигма за посветен активист е токму Хамлет бидејќи тој има љубов, лудило, посветеност, знаење, волја, копнеж и страст.

Тој е перманентно присутен во просторот и времето каде што сака да ги открие вистината и местото на подобриот свет. Токму затоа за мене тој е парадигма на активизмот, вели Искра Гешоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.