НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грците во Солун ќе протестираат против употреба на терминот Македонија

1
By Нова ТВ on January 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчките здруженија што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи, според грчките медиуми, на 21 јануари организираат протест во Солун, а не е исклучена можноста да се одржат повеќе различни демонстрации, но со истата порака против името Македонија.

Демонстрации во Северна Грција, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се дел од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

На специјално изработена интернет страница, собираат потписи за резолуцијата до грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која бараат да не се користи терминот Македонија во името на нашата земја и доколку е потребно да се распише референдум во Грција.

Според грчката телевизија Антена, сајтот во еден момент паднал, поради преголема посетеност, затоа што за само два дена, биле собрани над 130 илјади потписи, од кои 20 илјади за три часа.

– Се забележува голема раздвиженост во прашањето за името за државата на Скопје. Како што изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе се обиде да постигне конечно решение во прашањето за името во следните месеци. Во овој временски период, треба сите Грци да го изразиме нашето мислење за ова сериозно национално прашање и да и го дадеме како дополнително дипломатско оружје на грчката влада, нашиот кристализиран став, да не се користи терминот Македонија во конечното име на Скопје, пишува во повикот за собирање потписи за резолуцијата, што ќе му биде доставена на грчкиот премиер.

Собирањето потписи, според сајтот завршува на 31 јануари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.