Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовановски: Направивме културен пресврт во Битола

0
By Нова ТВ on August 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 11, 2013 08:55


ВИДЕО: The John (8.08.2013), МКЦ, одбележување на 50 год. на скопскиот земјотрес

Настаните кои се одвиваа синоќа (10.09.) на фестивалот за современа уметност АКТО беа- “Критика на политиката на сопственоста и граѓанството” со Бранимир Стојановиќ од Учител Незнајко и неговите Комитети, Белград; Проекција на дел од филмот „Фаренхајт 451“ и кратка дискусија, организирано од страна на Дебатно Кино Контра Кадар, Битола; Концерт на македонските алтернативни бендови The John I XAXAXA; настап на DJ’s: Чваре, Мачки, Томи Бојаџи и К. Петровски.

Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО, за НОВА го доловува целиот настан:

-Интересно е дека беше настанот во филмски град, цел град направен од кулиси- беше конципиран во еден школски час составен од 5 лекции кој траеше 12 часа.

Започнавме од градење на библиотеката во јавен простор, како еден тип на форум во кој на наша покана граѓани ја “градеа” библитеката со литература која што мислат дека за нив лично е важно да се прочита во овој исторски, политички и културен контекст.

Подоцна, 3 лекции префрливме во приватни дворови на граѓани од Битола, чија лична историја е важна за културниот живот на градот.

Со тоа успеавме на повеке начини и нивоа да отвориме еден нов дискурс и да го рефлектираме и преиспитаме нашето секојдневно делување и како граѓани и како уметници и како активисти.

Бидејки на настаните беа присутни голем број на активни учесници во културниот и активeн живот пред се од независната сцена вклучени во голем број на акции и и проекти во последните неколку години.

Се обидовме да издискутираме дали и како да се делува и што денес значи да се биде активист во еден современ неолиберален систем? И како и дали воопшто треба да се делува?

Таа група која што беше дел од тие интелектуални, градски прошетки на свој начин го доживеа градот и меморијата за него, не како традиција која што е затворена во неоромантичарски фасади/кулиси од почетокот на 20. век, туку како негово активно промислување и тоа во форма на еден школски час во времетраење од 12 часа”, вели Јовановски.

На првиот настан од вечерта, “Критика на политиката на сопственоста и граѓанството” со Бранимир Стојановиќ од Учител Незнајко и неговите Комитети, Белград, учесниците читаа сегменти од делото „Феноменологија на политичко-идеолошкото функционирање на средната класа во Југославија“ од Милан Кангрга.

На вториот настан оваа вечер, посетителите на фестивалот гледаа краток дел од култниот филм “Фаренхајт 451”. По проекцијата на филмот, посетителите да дебатираа- презентирајќи ги своите ставови за краткиот сегмент од “Фаренхајт 451”.

ВИДЕО: Фаренхајт 451

На третиот настан уживањето беше целосно, со музиката на македонските алтернативни бендови The John и ХАХАХА, како и во музиката на познатите македонски диџеи Чваре, Мачки, Томи Бојаџи и К. Петровски.

ВИДЕО: ХАХАХА- Live, Канал 103

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.