Два дена веќе во Источнокинеското Море се стравува од катастрофа бидејќи танкер протекува нафта по судар со транспортен брод. Според кинеските власти, танкерот е во опасност да експлодира и да потоне.
Службите се борат да стигнат до огнените јазици, но засега неуспешно.
Поголемиот дел од екипажот се води како исчезнат.
Танкерот Санчи носел нафта од Иран кон Јужна Кореја кога се судрил со брод регистриран во Хонг Конг кој бил со стока импортирана од САД.
Несреќата се случила во саботата вечерта, а причините се уште се утврдуваат.
Нафтата која танкерот ја превезувал е во вредност од 60 милиони долари, а освен тоа превезувал и колични на токсични горива.