Агенцијата за борба против корупцијата на Зимбабве испитува дали поранешната прва дама Грејс Мугабе лажно добила докторат.
Предавачи на Универзитетот во Зимбабве минатата недела поднесоа петиција, како таа станала доктор на науки само неколку месеци по уписот на универзитет во 2014 година, иако за да се добие оваа титула обично треба повеќе години од редовни истражувања.
Г-ѓа Мугабе претходно ја бранеше својата академска евиденција.
Во септември, таа на митингот на владеачката партија соопшти дека таа го заслужила својот докторат со работа и покрај скептицизмот на критичарите.
Но, предавачите во истата институција покренаа петиција да се испита како таа ја стекнала квалификацијата.
-Ова беше шок за многу членови на одделот, бидејќи повеќето членови никогаш не ги виделе или не слушнале за предлогот, извештаите за напредокот, испитите за тезата и исходот од таквата студија од страна на кандидатот, се вели во петицијата
Локалните медиуми известуваат дека докторската дисертација на г-ѓа Мугабе не е јавно објавена.
Таа се надеваше дека ќе го замени својот сопруг како лидер, но антагонизираше фракција на владеачката партија Зану-ПФ, што доведе до последици во партијата.
Војската потоа влезе и го принуди претседателот Мугабе да го прекине неговото 37-годишно владеење и го постави неговиот поранешен заменик, Еммерсон Монанггава, за претседател.