Published: Wednesday, January 10, 2018 15:39
Аеродромот во Софија беше евакуиран по лажна дојава за поставена бомба.
Евакуацијата на патници ја нареди бугарското Министерство за внатрешни работи откако аеродромот примил повик за поставена бомба.
Полициската истрага утврди дека дојавата била лажна и за околу еден час авиосообраќајот е повторно воспоставен, а евакуираните патници се вратени на терминалите.




