Published: Wednesday, January 10, 2018 18:12
Бројот на загинати во циклонот Ава што го погоди островот Мадагаскар, се искачи на 33, а уште 22 лица се водат како исчезнати.
Над 24.000 лица се раселени како последица на циклонот. Тропскиот циклон Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар во петокот и саботата, а брзината на ветеровите беше од 140 до 190 километри на час.
Во циклон што во март минатата година го погоди Мадагаскар, настрадаа 50 лица, а голема штета беше предизвикана на плантажите со ванила.




