Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Бугарија на церемонијата по повод бугарското претседавање со ЕУ, рецитираше поезија на бугарски јазик.
„Моја возљубена татковино, колку си убава!
Колку сино е твоето пространо небо!
Колку погледите магично се менуваат!
Секој поглед открива нова убавина.“
Овие зборови на Иван Вазов, патронот на ова место, добро го доловуваат духот на денешната прослава. „Секој поглед открива нова убавина“ – ова одраз е присутен со мене денеска, како претседател на Европскиот совет и Полјак. Затоа што како Полјак, добро разбирам колку многу работа, храброст и одлучност ве чинеше вас Бугарите, да го постигнете овој европски успех за вашата татковина. Никој не ви даде нешто бесплатно. Тоа бевте вие на прво место, вие сте авторите на ова историско пробивање, оваа „нова убавина“.




