Со василичарски ора и палење на маските заврши годинешниот вевчански карневал.
Во центарот на вниманието и оваа година беа политичките случувања. Вчера и денес освен зетот, невестата и глупавиот Август продефилираа Доналд Трамп, Ангела Меркел, Владимир Путин.
Се говореше двојазично, се дишеше чист воздух. Името беше на распродажба за десет денари, пратениците патеници и нивните трошоци исто така беа во центарот на вниманието. Преку маските се упати критика и се исмеваше се што пречи во државава и се што не им се допаѓа на граѓаните.
Најстарата карневалска традиција кај нас е карактеристична по уникатните маските кои се држат во тајност и непредвидливиот креативен дух на василичарите.
Карневалот постои, откако постои Вевчани. Се маскира 40 проценти од населението, а карневалот трае цели 48 часа.