Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Постои можност Србија и Црна Гора да бидат во ЕУ до 2025 година

1
By Нова ТВ on January 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 21:32

Европската комисија смета дека е можно до 2025 година Србија и Црна Гора да станат полноправни членки на Европската унија, а во тој период четири други држави ќе бидат длабоко во пристапниот процес.

Тоа се наведува во стратегијата за земјите од регионот што ја подготвува Европската комисија под наслов „Кредибилна европска перспектива за Западен Балкан“.

Според најавите, овој документ Европската комисија ќе го претстави најверојатно на 6 февруари во Стразбур.

Србија и Црна Гора можат да станат полноправни членки на ЕУ до крајот на 2025 година, доколку до 2019 година ги исполнат критериумите од владеење на правото, што подразбира нивните лидери „сериозно и со јасна посветеност“ да се соочат со реформските предизвици.

Во случајот со Србија, за да се реализира оваа временска рамка (2025), земјата мора да ги исполни и критериумите кои произлегуваат од поглавјето 35, кое се однесува на нормализација на односите со Косово.

Во предлог-документот, ЕК претставува најоптимистично сценарио во временска смисла за секоја земја од регионот.

Според индикативната временска рамка на Европската комисија, произлегува дека 2019 година ќе биде клучна за државите од Западен Балкан.

Во документот се наведува дека во текот на 2019 година Косово и Србија треба да постигнат „севкупна нормализација на односите“, што „ќе овозможи натамошен суштински напредок на Косово на патот кон европските интеграции“.

Исто така, 2019 година ќе биде важна и за Албанија и за Македонија кои треба да ги отворат пристапните преговори со Брисел, а Босна и Херцеговина дури тогаш да добие кандидатски статус.

Отворањето на можни пристапни преговори со Сараево се предвидува дури во 2023 година. Таа година, според прогнозите на Европската комисија, ќе биде во знакот на завршување на пристапните преговори со Црна Гора и Србија, а во 2024 година се планира потпишување пристапен договор кој би стапил во сила една година подоцна, односно крајот на 2025, кога и тие две земји ќе станат нови членки на ЕУ.

Бриселските институции ги предупредуваат западно-балканските држави итно и сериозно да се позанимаваат со решавање на сите билатерални спорови кои мора да бидат решени пред пристапот на која било земја во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.