Халалгуглинг (Halalgoogling), новиот интернет пребарувач предизвика големо внимание во дел од светот. Ги филтрира сите неадекватни, штетни и опасни содржини, но и ја намалува опасноста од вируси.
Во интервју за Алџезеира балканс, еден од основачите на Халалгуглинг, Флорим Хаџиу, инженер со долгогодишно искуство насекаде низ светот, како и добоитник на првата награда за иновација од компанијата „Самсунг“, вели дека идејата започнала уште пред повеќе од две години.
– Причина да го направиме овој проект беа веќе постоечките интернет пребарувачи кои не ги задоволуваа потребите на муслииманите. Интернетот е преполн со штетни информации и содржини кои го деградираат општеството и во голема мера влијаат на децата.
– Осетивме потреба да направиме чекор напред кон заштита на моралот. Идејата се базираше да се направи интернет пребарувач за муслиманскиот свет кој би бил базиран на почитување на основите на исламската вера, традиција и култура, вели Хаџиу.
Филтер системот на Халалгуглинг се состои од неколку компоненти: филтер за категории (порно, еротика, антиисламски елементи, онлајн спортски кладилници) ; црна листа на сајтови кои не се дозволени за прикажување; филтер на одредени линкови на веб страници, форуми, блогови, портали…, односно филтрирање на клучни зборови како секс, геј и сл. кои ги пребаруваат само т.н „безбедни“ сајтови.