Со денешната прес конференција, професорот Узунов, ни стави јасно до знаење дека не знае што зборува, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ. Еве ја рекцијата во целост:
Прво, вели дека не се помага малото стопанство, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди ефтини кредити за малите и средните претпријатија преку ЕИБ во вредност од 350 милиони евра, а наскоро ќе се обезбедат уште 100 милиони евра. Со овие кредити во екот на светската економска криза се помогнаа 1000 претпријатија и се отворија 5000 нови работни места. Колку Владата на СДСМ издвојуваше за малите и средни претпријатија во Република Македонија? Само милион евра а некогаш ни толку.
Второ, кога зборуваме за странски директни инвестиции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе странски инвестиции во износ над милијарда и пол евра, што е за 600 милиони евра повеќе од сите досегашни Влади предводени од СДСМ.
Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија се отворија голем број фабрики, како што се: Џонсон Контрол, Џонсон Мети, Кронберт и Шуберт, Кемет Електроникс, Ван Хол, Дрекслер Мајер, Техно Хозе, Агро Кор и уште многу други помали фабрики со странски капитал.
Мораме да потенцираме дека Владата на Република Македонија успеа да ги донесе овие гиганти во светска економска криза, за разлика од времето кога СДСМ владееше и не се соочуваше со овие глобални проблеми и пречки. Овој број на странски директни инвестиции придонесе за отворање на илјадници нови работни места за македонските граѓани, како и за заживување на македонската економија, а според последните податоци и за зголемување на извозот во државата.
Трето, што се однесува до проектот “Купи Куќа купи Стан“, Узунов се гледа дека воопшто не е ни запознаен со проектот, а сака да го коментира. За моделот “Половина рата“ средствата од старт беа неповратни. Што се однесува до тоа колку пари ќе се потрошат, СДСМ во нивната изборна програма предлагаа сличен проект со кој предвидуваа субвенции на кредитите за цело време на исплатата. Колку е тоа одржливо? Дополнително во неколку наврати СДСМ прашуваше зошто средствата од моделот “Половина учество“ се повратни. Значи целосно сте контрадикторни.
Исто така, сите можат да аплицираат за овој проект, па и Вие доколку ги исполнувате условите односно имате примања под 900 евра и да немате стан. Никој не е оштетен, туку напротив се решава едно животно прашање за граѓаните кои не припаѓаат на богатата класа.
Но најголемата болка на СДСМ сепак е успехот на оваа Влада во услови на европска економска криза да успева редовно да ги исплаќа и платите и пензиите и субвенциите и да има за капитални инвестиции, како што гледате градежништвото е во пораз и секаде се гради. СДСМ во време на економски процут доцнеше цело време со исплатата на пензиите, а пензионерите едвај скрпуваа крај со крај. За капитални проекти да не зборуваме. Граѓаните знаат да препознаат која партија работела и работи домакински, а кој го раскрчмил државниот имот.
И покрај елементарното непознавање овој факт неможете да го побиете господине Узунов.