Стив Бенон, поранешниот политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, се согласи да биде сослушан од страна на тимот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој ги испитува тврдењата дека кампањата на Трамп соработувала со руски претставници при изборите во 2016 година.
Според американските медиуми, Бенон бил повикан од страна на специјалниот обвинител да сведочи пред порота, но била постигната согласност тој да биде сослушан само пред неговите обвинители.
Тој денеска сведочеше и пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, но одби да зборува за неговата улога во Белата куќа и во периодот на предавањето на власта, велејќи дека тие прашања се предмет на истрагата на Мјулер. Бенон ангажирал и адвокат, јави телевизиската куќа Ен-Би-Си.
Бенон ги прекина контактите со Трамп, по неодамнешното објавување на книга во која Бенон беше цитирал со остри критики упатени кон претседателот и неговото семејство.




