НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв час по македонски јазик за основците од Нови Сад

0
By Нова ТВ on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-За некои мали чекори потребна е голема сила. Ако постои голема љубов за малите чекори, тогаш нема пат кој не може да се изоди, вели наставничката Снежана Алексиќ Станојловиќ, која вчера првпат предаваше македонски јазик во ОУ „Велко Влаховиќ“ во Нови Сад, Србија.

Наставничката м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ, инаку и писателка, која организира едукативно-креативни работилници за деца, гостувања и афрмација на македонските книжевници и ликовни уметници, остварува пријателска соработка со ОУ „Кирил и Методиј“ во с.Кучевиште кај Скопје, реализира часови по српски јазик во Македонија и часови по македонски јазик во Србија, воспоставува стручна соработка и разменува искуства од „добрата пракса“ со просветниот кадар во Македонија.

Ова е првпат во Нови Сад, во едно училиште да постои група ученици кои официјално учат предмет Македонски јазик со елементи на националната култура. Групата ја сочинуваат 18 ученици на возраст од осум до десет години, а меѓу нив само неколку имаат македонско потекло.

За секое дете беше обезбеден по еден примерок од списанието за деца  „Ѕуница“, како подарок за првиот час по македонски јазик од Националниот совет на Македонците во Р. Србија.

Наставата ќе се реализира еднаш неделно како блок од два часа. На крајот од првиот блок час, одржан  на седумнаесетти јануари, учениците порачаа: „Македонија се носи во срцето“.

*Вест и фото: Филип Димкоски

македонски јазик Нови Сад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.