Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Софија на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На овој состанок ќе се разговара за новото бугарско претседателство на Советот на ЕУ.
Ова е изненадувачкa, но логична посета на Меркел на Бугарија, коментираат бугарските медиуми.
Логично е тоа што Германија треба да даде сигнал до Европа, ЕУ и на регионот. Покрај тоа, очигледно Меркел сака да ја артикулира и својата европска политика и покрај критичната ситуација во формирањето на владејачката коалиција.
Важно е Бугарија да добие потврда од Германија за нејзината балканска политика и приоритети на претседателството.
Во тој поглед, важно е она што Борисов ќе го чуе од Меркел за најмалку три главни прашања – односите со Турција, политиката на бегалците, Западен Балкан и новите односи меѓу Бугарија и Република Македонија.




