Талибанците се јавија како одговорни за синоќешниот напад врз хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, при што загинаа најмалку петмина.
Претставник на талибанците, под името Забибула Муџахид, изјавил дека нападот го извршиле петмина талибански борци.
Авганистанските специјални сили утрово соопштија дека е завршена операцијата за ослободување на гостите од хотелот. Спасени се 126 луѓе, а сите напаѓачи се елиминирани.
Групата напаѓачи синоќа неколку часа им се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили.
Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.
Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.




