Научнофантастичниот „Елисејски полиња“ со Мат Дејмон и Џоди Фостер викендов продаде најмногу влезници во американските кино-сали. Заработи 30 милиони долари, јавува Гласот на Америка. Комедијата „Ние сме Милер“ со Џенифер Анистон дебитираше со речиси 27 милиони, а анимираниот „Авиони“ на Дизни е на третото место со 22.
Џон Гудман и Били Кристал, кои ги позајмија гласовите во анимираниот „Универзитет за чудовишта“ – еден од најголемите хитови годинава – се меѓу осумте нови актери додадени на листата „Легендите на Дизни“. Точно 249 се најдоа на неа откако беше создадена, во 1987-ма.
А Џорџ Клуни, кога не снима или режира, ги троши парите – на шпионски сателит! Потврди дека со поголемиот дел од заработувачката од рекламите за Неспресо купил опрема за следење на ситуацијата во Судан. Клуни со години е активист кој го врти вниманието на хуманитарната криза во оваа земја.