Џон Колман, основачот и извршен директор на The Weather Channel и првиот метеоролог во “Добро утро Америка” на ABC шест децении, почина на 83 години.
Колман почина во саботата вечерта дома во Лас Вегас, соопшти неговата сопруга, Линда Колман, која не ја наведе причината за неговата смрт.
Колман својата кариера ја започнува во Тексас, каде ја добива својата прва работа на телевизија, додека се уште студирал на Универзитетот во Илиноис. Работел на неколку локални станици во Чикаго и во Средниот Запад пред да се приклучи на “ГМА” во 1975 година.
Две години подоцна, американското метеоролошко друштво го нарече Колман „еминентен метеоролог на годината“.
Колман работел на телевизиски станици во Њујорк и во Чикаго, пред да премине во Куси ТВ во Сан Диего, каде што поминал 20 години како метеоролог, пред да се повлече во 2014 година.
Националната метеоролошка служба Алекс Тарди рече дека смртта на Колман била “голема загуба за временската заедница”.
-Тој донесе многу енергија, боја и ентузијазам во прогозирањето, рече Тарди. „Моите деца обожаваа да го гледаат на телевизија.”
Во текот на неговата кариера, Колман се најде на удар на критиките на јавноста поради сомневањата дека луѓето предизвикуваат глобално затоплување, кое тој го нарече “измама”.




