Најмоќните лидери од денеска, во следните четири дена, ќе се дружат во швајцарското одморалиште Давос на елитната годишна конференција на Светскиот економски форум.
Годинава, конференцијата е најмасовната глобална средба, со учество на околу 2.500 бизнис и политички лидери, луѓе од финансиите и медиуми. Главната тема е „Креирање заедничка иднина во еден расцепкан свет“ (“Creating a Shared Future in a Fractured World”) и ќе биде 48-тото издание досега.
Меѓу другите, во Давос годинава ќе бидат Емануел Макрон, Ангела Меркел, Тереза Меј, Џастин Трудо, Бенјамин Нетанјаху, Маурисио Макри Емерсон Мнангагва и Нарендра Моди. Американските претседатели, по правило, не присуствуваат во Давос, но годинава Доналд Трамп одлучи да дојде и покрај тоа што, победата на изборите ја постигна врз основа на своите ставови против глобализацијата.
Во Давос ќе дојдат и многу од лидерите на најголемите компании во светот. Годинава меѓу лидерит се најавени: Марк Бениоф од Salesforce, Карлос Госн од Renault-Nissan-Mitsubishi и сер Мартин Сорел од WPP.
Токму овие учесници главно ги обезбедуваат средствата за конференцијата со своето годишно корпоративно членство и партнерства кои се движат од 60.000 до 600.000 франци.
Освен нив, на конференцијата присуствуваат и првите луше на меѓународните финансиски организации, Мешународниот монетарен фонд Светската банка и на ОН, како и претставници на добротворни организации, синдикати, академици и невладини организации.
Секоја година Светскиот економски форум кани и познати личности од забавната индустрија. Годинава тоа се актерката Кејт Бланшет и пејачот Елтон Џон.