„Фејсбук“ планира двојно да го зголеми бројот на вработени кои го следи објавувањето на нелегални материјали и се задолжени за нивно отстранување, соопшти денеска во Брисел на извршната директорка на компанијата, Шерил Сандберг.
– Направивме доволно за да ја спречиме злоупотребата на нашата технологија, Направивме многу за да се зголемат предностите на нашите платформи, но треба да се стори повеќе за минимизирање на негативностите – рече Сендберг, која допатува во Брисел на средба со претставници на Европската унија.
ЕУ го критикуваше „Фејсбук” за неусогласеност со строгите правила на Унијата за заштита не личните податоци и за ширење на говор на омраза.
Сендберг посочи дека во социјалниот медиум веќе работат 10 илјади луѓе задолжени за безбедноста и сигурноста и вети дека до крајот на оваа година нивниот број ќе порасне на 20 илјади, за да се подобри следењето и елиминацијата на незаконските материјали.
Директорката на „Фејсбук“ додаде дека прашањето е „компликувано поради недостатокот на универзална дефиниција на говорот на омраза”.




