Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД силно се противи на вонредната состојба во Египет

0
By Нова ТВ on August 14, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 14, 2013 20:55


САД се противи на враќање на воведување на вонредна состојба во Египет, изјави државниот секретар на САД, Кери, како што јавува Си-Ен-Ен.

Ова се смета за најлош ден после револуцијата во Каиро- 149 луѓе загинаа, според државната телевизија, додека Муслиманското братство известува за многу повеќе жртви.

Мохамед ел Барадеј поднесе оставка како потпретседател за надворешни работи, јави државната телевизија Нил.

Пораката до муслиманскиот свет е “куршумите се подобри од гласачките ливчиња”, вака се жалат поддржувачите на Морси.

Денеска Скај њуз снимателoт Мик Дин беше застрелан и убиен во Египет, како што јави телевизијата.

Мик, 61, има работено за Скај 15 години, со седиште во Вашингтон, а потоа Ерусалим.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун апелираше денеска за максимална воздржаност по најновиот развој на случувањата во Египет.

На Твитер неговиот портпарол напиша дека Бан е вознемирен од она што се случува во Каиро и повторно апелирал за воздржаност.

Европската унија е силно вознемирена поради информациите дека во денешната полициската операција во Каиро се убиени демонстранти, изјави портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Мајкл Ман.

Што се однесува до македонските граѓани во Египет, ниту еден граѓанин досега не се обратил за помош во македонската амбасада во Египет, откако од утринава започнаа крворолевањата и хаосот во оваа земја, информираа за НОВА во МНР.

Во Министерството немаат податоци дали во моментот таму престојуваат македонски граѓани, особено што секој престој подолг од три месеци се пријавува и евидентира во конзуларниот оддел, велат во одделението за односи со јавноста.

Нема информации ниту дали во моментот таму престојуваат наши граѓани кои заминале во оваа земја во сопствена режија. Хорот на МНТ кој наредната недела требаше да патува таму, го откажа својот настап.

-Ние сме подготвени да им помогнеме на сите оние на кои им е потребна заштита, но искрено не веруваме дека во ваква ситуација наши граѓани престојуваат таму, велат за НОВА во оделението за односи со јавноста во МНР.

Од утринава, телефонските линии и интернет врските со македонската амбасада се многу отежнати. Сепак, од Министертвото велат дека успеале да стапат во контакт со амбасадорот Миле Манолев преку сателитска линија.

Манолев информирал дека амбасадата е безбедна, дека тој нормално ги извршува работите и засега нема потреба од негово повлекување. Манолев нагласил дека во Египет не е прогласена вонредна состојба, а опасноста е во регионот на двата кампа, каде што во текот на денот има големи немири и интервенција на полицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.