НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вајгл: ВМРО ДПМНЕ не потврдиле учество во процесот „Жан Моне“

0
By Нова ТВ on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл заедно со своите колеги Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн на крајот на февруари ќе допатуваат на средби во Македонија, за да биде договорен новиот датум за средбите во рамки на процесот „Жан Моне“.

Вајгл во интервју за МИА, што ќе биде објавено утре истакна дека нивната и понудата на ЕП на македонското Собрание да организираат разговори во формација „Жан Моне“ е се уште актуелна и оти најавената јануарска средба не била реализирана, бидејќи европратениците не добиле дефинитивна потврда од ВМРО-ДПМНЕ.

– Најпрво го чекавме нивниот вонреден конгрес и одлуката за раководството на партијата, и се разбира, одлуката на новото раководство дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во тој проект. Досега таков одговор се уште не сме добиле. Добив информација дека идната недела новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Брисел и тогаш ќе имаме разговор со него. Меѓутоа, ние донесовме одлука уште во февруари да дојдеме во Скопје, ние тројцата пратеници кои сме иницијатори на таа иницијатива, Едвард Кукан, Кнуц Флекенштајн и јас, и дефинитивно да се договориме за новиот датум на првиот состанок и за темите кои би биле одобрени, усогласени за тој прв состанок, изјави Вајгл МИА.

Општата политичка ситуација во Македонија по конституирањето на Парламентот и на Владата, како што оцени европратеникот, е во нагорна линија.

– Нема сомнеж дека е од големо значење тоа што Владата стапи во многу продуктивен и одлучен дијалог со соседите, дека ги постави на нови темели односите со Бугарија. Исто така, може да се оцени и како успешен дијалогот којшто се води со Грција иако засега се уште е тешко да се зборува за резултат, вели Вајгл.

Што се однесува на внатрешната ситуација, посочува дека има уверување од страна на Владата дека сериозно се работи на реформите кои се зацртани во Извештајот на Прибе и со Пржинскиот договор. Меѓутоа, според Вајгл, она што во овој момент недостасува е конструктивна соработка на сите партии застапени во Парламентот. Неговата порака до опозицијата, која не учествува во работата на Собранието, е дека бојкотот не е инструмент кој би бил прифатлив за демократските држави и односи.

– ВМРО-ДПМНЕ по сила е се уште најсилна партија во Македонија и во Парламентот и треба да ја преземе одговорноста заедно со Владата за продолжување на реформите, за општиот прогрес на Македонија и за нејзиниот европски пат. Се разбира, и Владата има обврска да и го даде на опозицијата тоа место кое го има опозицијата на секоја демократска сцена, особено ако е збор за јака, силна опозиција без која не може да се спроведе ниту една сериозна реформа или меѓународен договор, истакна Вајгл.

Би било оправдано да се очекува Македонија, чија Влада презеде чекори за решавање на спорот со името со Грција и исто така паралелно работи на посочените реформи, како што вели Вајгл, уште оваа година да добие одлука за почетокот на преговорите.

– Се разбира, одлуката за тоа ја носи Европскиот совет, значи таму каде што се шефовите на владите и на државите во ЕУ. Самиот факт зборува дека Македонија мора и натаму да настојува да соработува со сите држави членки, особено со оние со кои постојат некои отворени прашања. Што се однесува до ЕП, ние секако ќе го поддржиме ставот да и се овозможи на Македонија напредок и јас лично сакам да кажам дека не би можел да се согласам со никаква идеја да се прави ранг-листа меѓу државите кандидатки. Македонија беше 10 и повеќе години оценувана како најнапредна, како најдобра држава кандидатка. Таа не може денес да биде деградирана со статус на некоја второстепена држава кандидатка. Ние за ова ќе дадеме многу јасна порака во ЕП кога ќе разговараме за Стратегијата на проширување на ЕУ која ќе ни ја презентира Европската комисија, изјави во интервју за МИА европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл.

Вајгл Жан Моне интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.