Published: Thursday, January 25, 2018 21:31
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на Тихиот Океан крај брегот на американската сојузна држава Калифорнија.
Како што соопшти Американскиот геофизички институт, земјотресот се случил на длабочина од 12 километри, со епицентар на 486 километри северозападно од градот Сакраменто.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавено ниту предупредување за можна појава на цунами




