Австрискиот канцелар Себастиан Курц денес потсети на «посебната историска одговорност» на Австрија во геноцидот на Евреите за време Втората светска војна. Тој ова го изјави за време на одбележувањето на Меѓународниот ден на паметење на жртвите на Холокаустот.
«Австријанците беа исто така автори и дел од грозните злосторства во Холокаустот. Ние носиме посебна историска одговорност и тоа новата влада јасно сака да го признае», твитна Курц утринава.
Курц е остро критикуван поради неговата коалиција со екстремно десната партија ФПО.
Ова потсетување на Курц добро доаѓа во земјата која долго се сметаше да «прва жртва на нацизмот». Но, добро познато дека вистината е на други место.
Австрија во 1938 година стана дел од германскиот Трети Рајх на Хитлер (кој е по потекло Австриец). Земјата со ентузијазам го прифати «аншлусот» на Хитлер и беше целосно интергирана во нацистичките репресивни и воени институции.
Зборовите на Курц имаат за цел да укажат дека во Австрија нема место за анти-семитски и нацистички инциденти какви што имаше во последно време.
Така, обвинителството отвори истрага неделава за четири члена на една пан-германска корпорација откако беше октриено постоењето на нацистички песни во локалната канцеларија на движењето.
Една од песните содржи строфа од која ви се крева косата на глава. Таа вели «пуштете гас, стари Германци, можеме да стасаме до седмиот милион». Строфата јасно укажува на Евреите убиени за време на Третиот Рајх во гасните комори во кои беа убиени 6 милиони Евреи.




