Постојат шанси дека САД ќе се вратат во Парискиот климатски договор, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на британската телевизија ИТВ.
Тој вели дека би бил спремен да го потпише Договорот од Париз за климата, но само ако во документот се внесат значајни измени. Во интервјуто кое во целост ќе го емитува британската телевизија ИТВ Трамп одговорил со “да, ако биде постигнат добар договор, секогаш постојат шанси дека САД ќе се вратат”.
Трамп ги повторил претходно изнесените тврдења дека е ужасна и неспогодбата праведна за САД, се наведува во извадоците од интервјуто. Според него, спроведувањето на договорот ќе ги чини САД трилиони долари и стотици илјади загубени индустриски работни места, со масивни намалувања на производството на хартија, цемент, железо и челик, јаглен и природен гас.
Трамп соопшти на 1 јуни 2017 година дека САД се повлекуваат од Парискиот договор за климатските промени.
-Со цел да ја исполнам мојата света должност да ја заштитам Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, изјави Трамп, соопштувајќи ја одлуката во попладнево во Роуз гарден во Белата куќа.
Тој и тогаш рече дека САД се подготвени да почнат преговори за повторно потпишување на Парискиот или на некој друг климатски договор, но „под услови што се фер за САД“.




