Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аерозагадувањето во Скопје неколку дена над дозволеното

0
By Нова ТВ on January 29, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2018 09:37

Жителите на Скопје неколку дена последователно дишат загаден воздух. Концентрациите на ПМ10 честичките според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во саботата достигнале максимални 426 во Лисиче, вчера 596, исто така во Лисиче и во текот на ноќта до утрово највисоката концетрација е измерена од 527 во Лисиче.

И на другите мерни станици се измерени високи концентрации така што во Центар во саботата се измерени максимални 207 микрограми, Гази Баба 242, Карпош 307, Лисиче 426 и Ректорат 402 микрограми.

Во текот на вчерашниот ден, максималните се во Центар 230 микрограми, 361 во Гази Баба, 295 во Карпош, 596 во Лисиче и 532 кај Ректорат.

Од ноќеска во Карпош максималната концентрација достигнала 213, Гази Баба 326, Центар 348, кај Ректорат 376 и во Лисиче 527 микрограми.

Мерки

Во случај кога среднодневните концентрации се над 100 микрограми се препорачува да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно да се користат печките за дрва.

На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор во загадените зони на градот им се препорачува ограничено движење и активности на отв орен простор.

Итните мерки што Владата ги усвои пред повеќе од еден месец стапуваат во сила во случај кога во два последователни денови на две мерни станици ќе се измерат концентрации од над 200 микрограми.

Меѓу тие мерки се препорака да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.

Општините се задолжуваат да ја намалат цената на билетот на градскиот превоз во периодот на неповолни климатски услови што би било поттик на граѓаните за користење на јавниот превоз, да овозможат бесплатен јавен превоз, зголемена фреквенција на автобусите на  ЈСП, дневно да ги чистат улиците и пешачките површини, да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла, автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и дотур на стока во забранети зони да се врши до 7:30 часот.

На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашината, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Државниот инспекторат за животна средина да изврши ограничување на емисиите од Б-интегрираните дозволи и помалите стопански капацитети и да вршат зачестена контрола на инсталации кои поседуваат А-интегрирана дозвола. Потоа  да спроведе мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисиите во воздухот, а истите ќе добијат препорака да го намалат производоството на 50 проценти.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, односно да ја користат  обиколницата.

Органите на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопстрвеност, како и општините да ја ограничат до 50 проценти употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на објектите каде што се гради.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.